Утрински Весник
Свет

ЕУ разработила стратегија како да ја одврати Унгарија од ветото за помош на Украина

Screenshot 2024 01 29 141849.png

ЕУ ќе ја ја „нападне“ унгарската економија ако Будимпешта ја блокира новата помош за Украина на самитот кој ќе се одржи в четврток, пишува Фајненшл тајмс. Во документот што го подготвиле официјални претставници на ЕУ, а до кој дошол Фајненшел тајмс, открива стратегија со која Брисел ги таргетира економските слабости на Унгарија, да ја загрози нејзината валута и да предизвика колапс на довербата на инвеститорите во обид да ги оштети „работните места и економскиот раст“, доколку Будимпешта одбие да го укине ветото за помошта за Киев. Министрите за надворешни работи на Украина и Унгарија, Дмитро Кулеба и Петер Сијарто, денеска во Ужхород, западна Украина, ќе разговараат за прашањето за ветото на Будимпешта за финансиска помош за Киев. Унгарскиот премиер Виктор Орбан се закани дека ќе го блокира користењето на буџетот на ЕУ за да и обезбеди на Украина финансиска помош од 50 милијарди евра на итниот самит на лидерите на Унијата. Ако Орбан не отстапи, другите лидери на ЕУ мора јавно да ветат дека трајно ќе го замрзнат целото финансирање за Будимпешта со намера да ги заплашат пазарите на капитал, да ја забрзаат девалвацијата на унгарската форинта и да предизвикаат скок на трошоците за сервисирање на заемите на Унгарија. се наведува во документот цитиран од „Фајненшл тајмс“.

Можете да прочитате

Зеленски кажа дека Украина ќе го почитува велигденскиот прекин на огнот и повика тој да трае 30 дена

Огромни бранови во Австралија, пет лица се удавија, двајца исчезнати

За Зеленски велигденското примирје на Путин е нова манипулација