Утрински Весник
Свет

ЕУ предупредува на руската „флота во сенка“, ветува посилни контрамерки

20241230072611 Big 730x400 69.webp.webp

Европската унија предупреди на руската таканаречена „флота во сенка“ и вети дека ќе преземе посилни мерки по наводната саботажа на подводниот енергетски кабел во близина на брегот на Финска.

ЕУ „ќе преземе посилни чекори за да се спротивстави на ризиците од тие бродови“, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ Каја Калас за весникот „Ди Велт“ во интервју објавено денеска.


„Руската „флота во сенка“ ја загрозува животната средина и го финансира рускиот воен буџет“, рече Калас, додавајќи дека бродовите се осомничени за извршени акти на саботажа.

Подводниот кабел за напојување Естлинк 2 меѓу Естонија и Финска беше отсечен во средата, за што финските власти се сомневаат дека може да биде чин на саботажа. Тие го задржаа нафтениот танкер „Игл С“ под знамето на Куковите Острови, чие сидро се верува дека оштетило кабел.

Според ЕУ, бродот би можел да припаѓа на таканаречената руска „флота во сенка“ – танкери и други товарни бродови кои Русија неофицијално ги користи за, на пример, заобиколување на санкциите за транспорт на нафта.

Можете да прочитате

Во Швајцарија од денеска стапи на сила забраната за носење бурки

Рекорден број наставници во Јапонија на боледување поради ментални проблеми

Поголемиот број Германци не би испратиле свои војници во Украина во случај на примирје