Утрински Весник
Свет

ЕУ официјално соопшти за кибернапад врз европските аеродроми

20250922134516 big 730x400 98.webp.webp

Агенцијата на Европската Унија за кибербезбедност (ENISA) денеска официјално објави дека прекинот во активностите на голем број европски аеродроми, што произлезе од проблеми со системот за електронска регистрација на багаж и регистрација на патници на авионот, е резултат на кибернапад, јавија британските медиуми.

„Органите за спроведување на законот истражуваат“, се наведува во соопштението на ENISA.


Во меѓувреме, објавено е дека се уште има пречки за обновување на активностите на аеродромот во германската престолнина Берлин. Како резултат на тоа, летовите со кои учесниците на вчерашниот Берлински маратон имаат намера да се вратат во своите земји беа одложени за повеќе од еден час.

Хакерите ја нападнаа американската компанија „Collins Aerospace“, која работи во областа на воздухопловните технологии. Компанијата соопшти дека била погодена од „кибернапад“ на нејзиниот софтвер што се користи на голем број аеродроми.

„Collins Aerospace“ денеска соопшти дека работи со погодените аеродроми и нивните поврзани агенции и дека е во завршна фаза на обновување на својата мрежа и продолжување на целосното работење.

Можете да прочитате

ДЗС: Под целосна контрола пожарот во близина на Скопскиот аквадукт

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина