Утрински Весник
Свет

ЕУ нема да попушти по прашањето за Гренланд, порача Калас

Kaja Kalas.jpg

Европската унија нема да попушти пред царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп во врска со Гренланд, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас. Таа додаде дека Унијата нема интерес да влезе во конфликт со САД, но дека има голем број инструменти за заштита на своите интереси, особено кога станува збор за Гренланд, и нагласи дека „суверенитетот не е на продажба“.

„Безбедноста на Арктикот е заеднички трансатлантски интерес и можеме да разговараме за тоа со нашите американски сојузници. Сепак, заканите со царини не се начин да се направи тоа“, рече Калас во објава на мрежата X по состанокот во Брисел со данскиот министер за одбрана Троелс Лунд Поулсен и министерката за надворешни работи на Гренланд, Вивијан Мотсфелд.

Таа истакна дека „суверенитетот не е предмет на трговија“, и дека ЕУ нема да попушти пред, како што изјави, царинските закани на американскиот претседател Доналд Трамп.

Можете да прочитате

Цените на златото постојано растат

Во Шпанија прогласена тридневна жалост по железничката несреќа

Русија лансира своја верзија на Старлинк