Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

ЕУ наскоро ќе воведе санкции поради иранските беспилотни летала во Украина

ЕУ наскоро ќе воведе санкции поради иранските беспилотни летала во Украина
300x250 opst2

Европската унија начелно се согласила да санкционира осум лица и субјекти за руската употреба на ирански камикази беспилотни летала во нападите врз Украина, потврдиле тројца европски дипломати, пишува хрватски „Индекс“.

dobivaj vesti na viber

Функционерите на 27-те земји членки на ЕУ денеска треба да договорат конкретен список на санкционирани, за кој треба да гласаат попладнево.

Веста за иранските санкции за беспилотни летала доаѓа откако Америка рече дека испораката на експлозивни дронови од Иран во Русија ги прекршува санкциите на ОН.

Украинските градови, вклучително и Киев, со денови се на удар на беспилотни летала камикази за кои се верува дека се од иранско производство.

САД неодамна соопшти дека се согласува со разузнавачките проценки на Британија и Франција дека испраќањето на беспилотни летала од Иран во Русија ја прекршува резолуцијата 2231 на ОН, која се однесува на ограничувањата за извоз на иранско оружје.

Можете да прочитате

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа