Утрински Весник
Балкан

ЕУ и САД побараа од албанските политичари функционален парламент што поскоро

Picture 535 660x500 1.jpg

Претставниците на ЕУ и на САД во Тирана, побараа од албанските политичари преку дијалог да ја надминат ситуацијата во Парламентот, порачувајќи им дека тој „треба да биде во служба на граѓаните, а не на политичарите“ и оти очекуваат „функционален парламент што поскоро“.

Во функција на тоа, Дејвид Визнер, вршител на должноста во американската Амбасада, остварил средба со претседателката на Собранието Линдита Никола.

-Парламентот е многу важен за Албанија и за демократскиот систем и корисно е партиите во Собранието да се заложат да им служат на граѓаните и евроатлантската иднина на Албанија, рекол меѓу другото Визнер.

Од прес-службата на Собранието наведуваат дека тој ги поздравил напорите на Никола за враќање на работата на Собранието во нормала, преку средбата со координаторите на пратеничките групи на Социјалистичката и Демократската партија, Бледи Чучи и Газменд Барди.

Евроамбасадорот Силвио Гонзато ги повика политичките партии на дијалог, додавајќи дека процесот мора да биде сеопфатен и да ја одразува актуелната политичка состојба, за да се направат потребните реформи.

-Тоа го кажав и претходно, дека сакаме процесот да биде инклузивен и конструктивен. Тоа треба да ја отслика и политичката реалност во државата. Очекуваме функционален парламент што поскоро, изјавил тој.

Парламентот од октомври минатата година е во хаос поради неприфаќањето на мнозинството на барањата на опозицијата за формирање анкетни комисии и измени во комисијата за изборни реформи.

Тоа услови опозицијата да ги блокира пленарните седници, но и седниците на парламнтарните комисии и истите се одржуваат онлајн, а предлог-законите во Собранието се гласаат без расправа на седници кои траат по десеттина минути.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени