
Европската комисија предложи нов, јубилеен 20-ти пакет санкции против Русија. Целта е да биде усвоен до 22 февруари, денот кога се одбележува четвртата годишнина од почетокот на војната во Украина. Претседателката Урсула фон дер Лајен истакна дека фокусот овојпат е ставен на енергетиката и прекинување на алтернативните канали за плаќање.
Главна цел на новиот пакет е т.н. „флота во сенка“. ЕУ планира да додаде уште 43 бродови на црната листа, со што вкупниот број санкционирани танкери ќе се искачи на 640.
„Нашите санкции функционираат. Фискалните приходи на Русија од нафта и гас во 2025 година се намалија за 24%, достигнувајќи го најниското ниво од 2020 година. Ќе продолжиме со притисокот сè додека Москва не започне сериозни преговори за мир“, порача Фон дер Лајен.

