Утрински Весник
Балкан

ЕУ го осуди терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенец во Зубин Поток

Kosovo 1.jpg

Европската унија најостро го осудува терористичкиот напад на каналот Ибар-Лепенац во Зубин Поток на северот на Косово, соопшти денеска Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), наведувајќи дека тоа е неприфатлив чин на саботажа на критичната цивилна инфраструктура која обезбедува вода за пиење за значителен дел од населението и е витална компонента на енергетскиот систем.

Во соопштението се наведува дека ЕУ им понудила помош на властите во Приштина и продолжува да ги координира следните чекори во обезбедувањето помош со своите партнери, вклучително и КФОР.

Од ЕЕАС  нагласуваат дека ЕУЛЕКС ќе им пружи помош на властите во Приштина во согласност со својот мандат.

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност во заминување, Жозеп Борел изјави дека ЕУ изразува солидарност со сите погодени од нападот.

Во соопштението се нагласува дека нападот во Зубин Поток мора да се истражи, а сторителите да се изведат пред лицето на правдата.

Во оваа насока, ЕУ ќе продолжи внимателно да го следи развојот на настаните, се заклучува во соопштението.

Можете да прочитате

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра

Мерка притвор за 33 осомничени за трговија со токсичен отпад во Драч, 20 уапсени, по 13 се трага

Тешка поморска несреќа во Грција: 15 загинати, 24 повредени