Утрински Весник
Свет

ЕУ ќе учествува на мировната конференција за Украина, што ќе се одржи во јуни во Швајцарија

Picture 582.webp.webp

ЕУ ќе учествува на мировната конференција за Украина што ќе се одржи во јуни во Швајцарија, рече денеска на прес-конференција портпарол на Европската комисија во одговор на новинарско прашање. Тој појасни дека се уште не е добиена покана и не е утврдено кој ќе ја претставува ЕУ. Го поздравуваме одредувањето датум, додаде портпаролот, откако вчера беше прецизирано дека средбата ќе се одржи на 15 и 16 јуни. -ЕУ ќе продолжи со напорите во потрага по најголема можна поддршка ширум светот за постигнување праведен и траен мир во Украина врз основа на украинскиот предлог, додаде тој. Според него, овие напори се насочени и кон идната светска средба за мир. „Со задоволство ќе учествуваме на конференцијата во Швајцарија, чекаме покана“, додаде портпаролот на Европската комисија. Руската страна не планира да учествува на состанокот закажан за јуни, а Кина претходно изрази подготвеност да размисли за учество. Според швајцарската претседателка Виола Амхерд, на конференцијата не се очекува да биде одобрен никаков мировен план.

Можете да прочитате

Ликвидиран иранскиот министер за разузнавање Есмаил Хатиб

НАТО распоредува повеќе одбранбени сили за заштита на базата во Турција

Зеленски: Војната на Блискиот Исток ќе доведе до недостиг на ракети за Украина