Утрински Весник
Свет

ЕУ ќе го суспендира визниот режим со Русија

ЕУ ќе го суспендира визниот режим со Русија

Европската унија планира да го суспендира договорот за патни визи со Русија следната недела, објави Фајненшл тајмс повикувајќи се на повеќе извори.

dobivaj vesti na viber

Планот за замрзнување на договорот од 2007 година треба, како што се наведува, да им го отежне и поскапи на Русите добивањето документи за влез во Шенген зоната.

Како прв чекор, министрите планираат да дадат политичка поддршка за суспензијата на договорот за визно олеснување меѓу ЕУ и Русија на дводневниот состанок во Прага кој започнува во вторник.

Можете да прочитате

Скандал во Британија: Сопруг ја дрогирал жената и ја давал на други мажи

Спречен обид за пробив во нуклеарна база во Шкотска од Иранци

Џорџија го укина на 60 денови данокот на гориво поради војната на Блискиот исток