Утрински Весник
Свет

ЕУ дипломатија нападната – делегацијата во Киев сериозно оштетена по ракетен напад

Kiev.webp.webp

Делегацијата на Европската Унија во Украина, сместена во Киев, беше сериозно оштетена за време на руските воздушни напади врз цивилни области во четвртокот, потврдија високи претставници на ЕУ.

„Делегацијата на ЕУ во Киев беше оштетена од денешните руски напади врз цивилни области“, објави европската комесарка за проширување Марта Кос на социјалната мрежа X. Таа остро ги осуди нападите, оценувајќи ги како „јасен знак дека Русија го отфрла мирот и избира терор“. Кос додаде дека ЕУ изразува целосна солидарност со својот персонал, нивните семејства и со сите Украинци кои ја поднесуваат руската агресија.


Амбасадорката на ЕУ во Киев, Катарина Матернова, посочи дека делегацијата претрпела „сериозни оштетувања од ударниот бран“ поради ракетен напад врз блиска цивилна зграда. Таа истакна дека нападот предизвикал најмалку 10 жртви, 30 повредени и уништување на бројни згради во главниот град на Украина.

Иако зградата на ЕУ делегацијата беше сериозно оштетена на неколку катови, засега се верува дека нема загинати меѓу персоналот.

Ова не е првпат руските напади да ја погодат областа околу делегацијата. Во јуни, иранско беспилотно летало „Шахед“ оштети деловна зграда во непосредна близина на канцеларијата на ЕУ.

Русија ги засили воздушните напади низ Украина во последните месеци, и покрај дипломатските напори на Западот за прекин на конфликтот. Министрите за одбрана на ЕУ денеска се состануваат во Копенхаген за да дискутираат за понатамошна поддршка на Украина и мерките за задржување на притисокот врз Москва.

Високиот претставник за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, истакна дека нападот покажува „намерна ескалација“ на Москва.

„Додека светот бара пат кон мир, Русија одговара со ракети. Русија мора да го запре убивањето и да преговара“, порача Калас.

Можете да прочитате

Петто тело е пронајдено во реката Сена во текот на август – француската полиција се сомнева дека се работи за жртви на сериски убиец

Турски министер снимен како вози со 225км/час и слуша фолк – го стигна казна (ВИДЕО)

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната