
ЕУ ја укина забраната за бензински и дизел возила во 2035 година. Според ЕУ, плановите за воведување забрана за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување во Европската унија во 2035 година се напуштени, потврди и претставник на ЕУ за германскиот весник Bild.
Наместо тоа, следат пофлексибилни правила за постигнување намалување на емисиите на CO2 од автомобилите, изјави за Bild Манфред Вебер, претседател на ЕНП, најголемата партија во Европскиот парламент. За нови регистрации од 2035 година па натаму, сега ќе биде задолжително намалување на емисиите на CO2 за 90 проценти (просекот на сите возила продадени од производителот), наместо за 100 проценти – рече Вебер.
Нема да има цел од 100 проценти од 2040 година па натаму. Ова значи дека забраната за технологијата на мотори со внатрешно согорување е исклучена. Сите мотори што моментално се произведуваат во Германија можат да продолжат да се произведуваат и продаваат.

