Утрински Весник
Свет

ЕУ ја поддржа генетски модифицираната храна

Untitled 15 4.jpg

На 7 февруари, Европскиот Парламент тесно ја поддржа употребата на новите геномски технологии (НГТ) во земјоделството.

Според поддржувачите на НГТ во ЕП, тие треба да овозможат поголема отпорност на системите за производство на храна, бидејќи растенијата добиени со овие техники ќе бидат потолерантни на климатските промени, болестите и штетниците, а исто така ќе бараат помалку ѓубрива или пестициди.

Поддржувачите тврдат дека тоа ќе ја забрза зелената транзиција со создавање поотпорни растенија кои ќе обезбедат посигурно производство на храна.

Извештајот беше усвоен со 307 гласови за, 263 против и 41 воздржан. Очекувано, Зелените главно гласаа против.

Две категории на модифицирани растенија
Новата регулатива предвидува воведување на две категории на растенија добиени со нови техники.

Првата категорија ќе подлежи на истите правила како и растенијата добиени со конвенционално одгледување и класична мутагенеза. Тоа би вклучувало култури чии гени претрпеле мали промени кои исто така можат да се појават природно, иако многу побавно. Ова значи култури со промени на ДНК до 20 нуклеотиди (градежни блокови на ДНК) по ред. Оваа гранична вредност произлегува од фактот што со постоечката технологија не е можно да се направи разлика помеѓу промените на помалку од 20 нуклеотиди создадени благодарение на новите технологии од спонтано настанатите мутации кои повремено се случуваат во геномот. Важно е да се истакне дека се работи за промена на релативно мал број нуклеотиди, а не за додавање или отстранување цели гени.

Втората категорија на култури (т.н. NGT 2) би била предмет на истите правила како и генетски модифицираните организми (ГМО). Тоа би вклучувало култури со промени на повеќе од 20 нуклеотиди по ред или со вметнати туѓи гени – гени од други организми.

Комесарот за еднаквост на Европската комисија Хелена Дали рече дека споменатиот предлог „овозможува иновации без да ја загрози безбедноста“.

ЕУ долго време е бастион на скептицизмот за ГМО
Европа долго време е бастион на скептицизам кон ГМО, но новата регулатива треба да овозможи производите добиени со нови биотехнолошки методи (на претходно дефиниран начин) да се изедначат со конвенционалните.

Затоа, застапниците на растителните биотехнолошки истражувања очекувано го поздравија гласањето.

„Ова е навистина охрабрувачко за научната заедница“, рече Оана Дима, извршен директор на Европско одржливо земјоделство преку уредување на геном (EU-SAGE), мрежа од повеќе од 150 европски истражувачки институти, универзитети и асоцијации.

Но, Гринпис и некои други противници на биотехнологијата ја критикуваа одлуката, велејќи дека тоа може да доведе до зајакнување на земјоделските монополи.

Членките на ЕУ допрва треба да ги кажат своите ставови за новата регулатива. Мерката допрва треба да биде договорена во преговорите со членките на ЕУ, кои остануваат поделени околу тоа дали да дозволат патентирање на NGT растенија и дали да бараат посебно означување на храната направена од такви култури или само семенски материјал

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30