
По денешниот прекин на испораката на топлинска енергија за потрошувачите во Центар, Аеродром, Ново Лисиче, Кисела Вода и Автокоманда, истата е нормализирана откако е лоциран дефектот, соопшти ЕСМ снабдување со топлина.
Дефектот на дистрибутивната мрежа е лоциран на бул.Крсте Мисирков и поради тоа има прекин на испорака на топлинска енергија кај следните потрошувачи:
- Григор Прличев бр.3 – Институт за национална историја и ОЈО за организиран криминал
- Григор Прличев бр.5 – Институт за македонска литература
- Гоце Делчев ББ и бр.4 – Основен суд 1 и Основен суд 2
- Гоце Делчев бр.5 – Кривичен суд
- Гоце Делчев бр.18 – МРТВ
- Димитар Влахов ББ – МКЦ
- Крсте Мисирков ББ – Апелационен суд
- Крсте Мисирков ББ – Факултети и Ректорат
- Крсте Мисирков бр.2 – МАНУ
- Крсте Мисирков бр.7А, 7Б, 9, 11, 13, 15, 17
- Филип II Македонски бр.22
- Ул.191 бр.14Б
- Битпазарска ББ – Национална галерија Чифте амам
- Дрварска бр.20
- Евлија Челебија ББ – Музеј на Македонија и Национален конзерваторски центар
- Маракие Фрчковски бр.8 – Црква Св.Спас
- Покриена Чаршија бр.66 – Факултет за ликовна уметност
- Прохор Пчински бр.30 – ОУ Јане Сандански
- Петре Георгиев бр.22 – ОУ Конгреси и манастирит
Екипите на ЕСМ Дистрибуција се на терен. Дефектот ќе биде саниран во најкраток можен рок.
За дополнителни информации, потрошувачите можат да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.


