Утрински Весник
Македонија

ЕСМ: „Марковски Компани“ и уште две фирми исфрлени од јавните тендери

Markovski 1170x757 1.jpg

АД ЕСМ – Скопје донесе одлука да исклучи три економски оператори од идните постапки за јавни набавки, поради „значителни недосатоци во исполнувањето на клучни обврски“, кои довеле до еднострано раскинување на претходни договори. Одлуките се објавени во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 167 од 14 август 2025 година.

Според објавата, од понатамошно учество во јавните набавки на државното енергетско претпријатие се исклучуваат следните компании:


  • ДОН ХОЛДИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје – согласно Одлука на Управниот одбор на АД ЕСМ бр. 02-7732/31/02 од 03.12.2024 година.
  • Ел-Те Инженеринг ДОО Скопје – согласно Одлука бр. 02-70/43/1 од 09.01.2025 година.
  • Марковски Компани Борче ДООЕЛ увоз-извоз Битола – согласно Одлука бр. 02-8346/41/12 од 26.12.2024 година.

Во документот е наведено дека причината за исклучувањето се „значителни недосатоци во исполнување на клучни обврски во однос на претходни договори, што резултирало со еднострано раскинување на договорите“ од страна на АД ЕСМ.

Со оваа мерка, трите компании ќе бидат спречени да учествуваат во јавни постапки на ЕСМ во определен временски период, согласно одредбите од Законот за јавни набавки и внатрешните прописи на претпријатието.

Можете да прочитате

Со вкрстено испитување на сведок од ФЗО продолжи судењето за „Онкологија 2“ – тврди дека Фондот нема надлежност за финансиски контроли во УКРО

Мицевски: СДС и ДУИ застанаа против проектот „Безбеден град“

Пожарот кај Тутунски комбинат локализиран, нема повредени