Утрински Весник
Балкан

Ескобар го посети Дечанскиот манастир

Picture 687 660x500 1.jpg

Еден ден откако косовскиот премиер Албин Курти објави дека побарал од Катастарската агенција на Косово да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за признавање на сопственоста на земјиштето на Дечанскиот манастир, емисарот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар замина во посета на манастирот, јави дописникот на МИА од Приштина. На неколку фотографии кои ги објави порталот Лајми. нет, можат да се видат службените автомобили на американската амбасада во дворот на манастирот.  Оваа посета на Ескобар доаѓа само неколку часа пред да се сретне со косовскиот премиер, Албин Курти. Во соопштението од кабинетот на премиерот е најавено дека средбата ќе се одржи во 15:30 часот. „Премиерот на Република Косово, Албин Курти, ќе го прими заменик-помошникот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања, а воедно и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се наведува во соопштението. Вчера, на првиот ден од посетата на Косово, Ескобар беше примен од  претседателката на државата, Вјоса Османи, со која, како што беше кажано на прес-конференцијата по средбата, разговарале за билатералните односи, за дијалогот меѓу Приштина и Белград, одлуката за стопирање на српскиот динар и за безбедносната состојба по вооружениот напад во Бањска на северот на Косово на 24 септември. Синоќа Ескобар се сретна и со лидерите на трите парламентарни партии – Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Лумир Абдиџику од Демократски сојуз на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово.

Можете да прочитате

Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад

Рама на средба со албанската дијаспора во Лондон, пречекан со протест

Детали за експлозијата во Хрватска: Бомба му експлодирала во рака на забава – Почина 25-годишник, четири лица, меѓу кои и малолетничка, се тешко повредени