Утрински Весник
Македонија

Ескобар ќе разговара за изборите во Северна Македонија со ОБСЕ/ОДИХР

D0b5d181d0bad0bed0b1d0b0d180 d181d0be d0bfd180d0b5d0b4d183d0bfd180d0b5d0b4d183d0b2d0b0d19ad0b5 d0b4d0be d186d180d0bdd0b0 d0b3d0bed180 63cd8b18867d6.jpeg

Специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Габриел Ескобар патува во Австрија, каде што ќе се сретне со канцеларијата на ОБСЕ/ОДИХР за да разговара за изборите во Северна Македонија и Србија, соопшти Стет департментот.

Освен во Австрија, Ескобар оди и во Белгија, Косово и Црна Гора од 10 до 18 март, пренесува Гласот на Америка.

– Неговата посета ќе ја потврди посветеноста на САД кон земјите од Западен Балкан додека тие се стремат кон евроатлантска интеграција и подлабока регионална соработка, се вели во соопштението од Стејт департментот.

За време на посетата на Белгија, Ескобар ќе се сретне со специјалниот претставник на Европската Унија (ЕУ) Мирослав Лајчак и други претставници на ЕУ и НАТО, за да разговараат за напорите за унапредување на реформите кои ќе донесат траен мир, стабилност и просперитет во регионот на Западен Балкан.

Во Косово, пак, тој ќе се сретне со косовските владини лидери, граѓанското општество и заедниците на косовските Срби за да ја нагласи континуираната силна поддршка на САД за дијалогот за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, олеснет од ЕУ, кажа Стејт департментот.

Можете да прочитате

Евакуираните македонски државјани од Израел ќе пристигнат вечерва во Скопје

Административните службеници во градинките бараат зголемување на платите

Зајкова го поднесе предлог законот за електронска нараквица за следење на насилниците во Собранието