Утрински Весник
Свет

Ерупцијата на вулкан во Индонезија исфрли облак од пепел висок два и пол километра

Ерупцијата на вулкан во Индонезија исфрли облак од пепел висок два и пол километра
Dik 300x250 mk

Вулканот Анак Кракатау на западот на Индонезија денеска исфрли огромни облаци од вулкански пепел до висина од речиси 2.500 метри. Беа забележани четири ерупции, соопштија официјалните лица, при што втората по големина исфрли облак од пепел и чад на 1.500 метри над кратерот.

dobivaj vesti na viber

Во 2018 година кратерот делумно се урна кога силна ерупција исфрли големи вулкански камења во океанот предизвикувајќи смртоносно цунами. Тогаш животот го загубија повеќе од 400 луѓе, а стотици беа повредени.

Засега не е забележана штета во денешната ерупција и нема повредени.

Анак Кракатау се наоѓа на врвот на теснината што ги дели островите Јава и Суматра. Најсмртоносната ерупција на Кракатау се случи во 1883 година, која се проценува дека загинале околу 35.000 луѓе.

Индонезија е на Пацифичкиот огнен прстен со зголемена сеизмичка и вулканска активност. Земјата има речиси 130 активни вулкани.

Можете да прочитате

Кошта: Проширувањето на ЕУ сега стана реална можност

Закана за бомба во авион? Драма во Вашингтон: Сите летови одложени…

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно