Утрински Весник
Македонија

Ќерката на Силјановска Давкова со јавна осуда за тие што вандализираат Парламент, а нејзината мајкат со намера да ги помилува

Gordana sil anovska davkova 1.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Ќерката на претседателската кандидатка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова, Марија Давкова на социјалните мрежи рече дека тие што вандализираат Парламент имаат проблеми со самите себе, алудирајќи на непристојното однесување на пратениците од Левица во Парламентот.

Таа го сподели овој став, под статусот во кој напиша дека била нападната и насилно избркана од автомобил од страна на претседателот на Левица, Димитар Апасиев.

Сепак, најголемото вандализирање на македонското Собрание се случи на 27 април, кога освен што беше вандализирано Собранието, толпата се обиде и да убие пратеници и нападна новинари.

Но за ова вандализирање, кандидатката за претседател, ставот на Силјановска-Давкова не е дека тие имаат проблем со себе, туку дека треба да добијат помилување.

Можете да прочитате

Поради недостиг на мазут, ЕСМ бара прогласување кризна состојба со струјата

Стојаноски: Измените на Кривичниот законик се преодно решение за да се спречи амнестија на криминал во над 200 предмети

Претседателот на Собранието Гаши прими делегација предводена од претседателот на ТИКА Ерен