На ќерката на Мадона, Лурд Леон, не ѝ било дозволено да влезе на модната ревија на Марк Џејкобс во четртокот затоа што пристигнала по затворањето на вратите, пренесуваат британски таблоиди.
Истите извори тврдат дека 26-годишната Лурд пристигнала на местото на настанот во Њујорк само неколку моменти по затворањето на вратите.
Понижувачкиот инцидент се случи неполни две години откако Лурд беше прогласена за лице на кампањата на истиот моден бренд за пролет 2021.
Луѓето што биле близина останале зачудени кога не ѝ било дозволено да влезе, и некои од нив го прашале обезбедувањето: „Не знаете ли која е таа?“, „Пуштете ја да влезе!“
Виралното „Тик-ток“ видео што го објави профилот @mickmicknyc покажува како Лурд се обидува да влезе во салата, но обезбедувањето ја застанува додека се качува по скалите.
Гласовниот запис на почетокот на клипот вели дека Лурд се појавила во 18 часот – точното време кога требало да започне ревијата. Момчето со кое пристигнала зборува со обезбедувањето повеќе од една минута, но и на двајцата им кажуваат дека настанот е затворен.
Одржана во њујоршката Парк Авенија Армори, ревијата на Марк Џејкобс им посака добредојде на неколку ѕвезди гости, меѓу кои Емили Ратајковски, Ники Хилтон Ротшилд и Ешли Греам.
Мадона ја роди Лурд во 1996 година кога беше во врска со Карлос Леон, фитнес тренер кој наводно остана пријател со поп дивата.