Утрински Весник
Магазин

Џереми Ренер прошета на црвениот тепих со бастун првпат по несреќата

Џереми Ренер прошета на црвениот тепих со бастун првпат по несреќата

Актерот Џереми Ренер се појави на црвениот тепих во театарот „Риџенси вилиџ“ во Лос Анџелес на премиерата на реалната серија Rennervations  на „Дизни-плус“, прв настан на кој присуствува по тешката несреќа во јануари кога беше прегазен од плуг за чистење снег.

dobivaj vesti na viber

Ренер за оваа пригода облече темносино одело, со бела кошула. На премиерата одеше со помош на бастун, а користеше и електричен ромобил додека разговараше со медиумите.

И покрај огромната болка со која сè уште живее, Џереми (52) е насмеан додека им позира на желните фотографи. Му помогна што беше опкружен со своето гордо семејство.

За потсетување, актерот се обидувал да употреби плуг за чистење снег за да му помогне на својот внук да го извлече автомобилот од длабокиот снег во близина на куќата, но заборавил да ја притисне сопирачката кога излегол од возилото за да му помогне. Плугот потоа почнал да се тркала кон внукот на Ренер, а кога актерот потрчал во обид да се врати внатре и да воспостави контрола, тој бил повлечен под него и смачкан.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста