Утрински Весник
Свет

Ердоган за членството на Шведска во НАТО: Не можеме да го одобриме членството на оние кои поддржуваат терористи

Ердоган за членството на Шведска во НАТО: Не можеме да го одобриме членството на оние кои поддржуваат терористи

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека земјата се уште не може да го одобри влезот на Шведска во НАТО поради, како што наведе, поддршката за терористите.

dobivaj vesti na viber

„Ја поддржавме политиката на отворени врати на НАТО. Го одобривме пристапувањето на Финска, но не можеме да го одобриме членството на оние кои ги поддржуваат терористите“, рече Ердоган, пренесува ТАСС.

Тој додаде дека очекува Шведска да ги исполни своите обврски.

Можете да прочитате

Германскиот парламент одобри побрза набавка на оружје

Фон дер Лајен: ЕУ работи на нови санкции против иранските лидери

Русија протера британски дипломат поради шпионажа