Утрински Весник
Свет

Ердоган: Венецуела не смее да биде дестабилизирана

Erdogan.webp.webp

Турскиот претседател смета дека Венецуела не смее да биде дестабилизирана. Ова го нагласил на Доналд Трамп во телефонски разговор по американската воена операција во која беа уапсени претседателот Мадуро и неговата сопруга.

– Ние не одобруваме никакви дејствија, каде и да било во светот, што ја нарушуваат политичката легитимност и меѓународното право. Во случајот со Венецуела настојуваме да го направиме она што е најдобро и најисправно, и за Турција и за пријателскиот венецуелски народ, изјави Ердоган по претседавањето со првата годинашна седница на неговиот кабинет.

Тој додаде дека во разговорот со Трамп ја пренел загриженоста на Турција за состојбата во Венецуела, нагласувајќи дека земјата не треба да се турка кон нестабилност.

Ердоган истакна дека Мадуро и венецуелскиот народ во повеќе наврати покажале пријателски однос кон Турција и дека двете земји ѝ даваат приоритет на меѓусебната солидарност во тешки времиња.

– Нарушувањето на суверените права на државите и погазувањето на меѓународното право се ризични чекори што можат да доведат до сериозни компликации на глобално ниво, предупреди турскиот претседател.

Можете да прочитате

Санчез до Трамп: Престанете да играте руски рулет

Франција прати борбени авиони „Рафал“ во своите воени бази во Емиратите

Објавени имињата и фотографии од американските војници убиени во иранските напади