Утрински Весник
Балкан

Ердоган-Рама: Турција и Албанија играат голема улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот

Screenshot 2024 02 20 220705.png

Албанскиот премиер Еди Рама, кој е во официјална посета на Турција и неговиот домаќин претседателот Реџеп Таип Ердоган, високо ги оцениле билатералните односи и соработката, со заложби за унапредување, а размениле мислења и околу актуелните случувања.

-Искажавме заедничка оценка дека Турција и Албанија се членки на НАТО алијансата кои играат улога во зачувувањето на мирот и стабилноста во регионот на Балканот. Албанија е на вистинската страна на историјата за време на гласањето на Генералното собрание на Обединетите нации минатиот декември за вонредниот хуманитарен прекин на огнот во Појасот Газа, изјавил турскиот претседател Ердоган, јавија албанските, повикувајќи се на турските медиуми.

Тој ја истакнал важноста на солидарноста на Албанија со „угнетениот палестински народ“ кој е изложен на израелските напади врз Газа повеќе од четири месеци, во кои беа убиени околу 30.000 луѓе.

Ердоган се осврнал и на терористичката организација ФЕТО, која го организираше неуспешниот пуч во неговата земја во 2016 година.

-Нема да ѝ дадеме шанса на таа злобна мрежа која се обидува да ги затруе нашите односи, ќе продолжиме со нашата борба против нив, рекол Ердоган, кој побарал од Рама „да го исчисти остатокот на оваа организација во Албанија“.

Ердоган истакнал дека Турција го зголемила обемот на трговската размена со Албанија на една милијарда долари, а сега се обидува да ја удвои на две милијарди долари.

Албанскиот премиер Рама ги коментирал израелските напади врз Појасот Газа, велејќи дека е време за прекин на огнот, дека заложниците мора да се ослободат и дека Турција е незаменлив актер во постигнувањето решение.

Тој се заблагодарил за помошта и поддршката од турската држава и неговиот голем пријател Ердоган, за Албанија и Косово.

-Кога и да се зборува за односот со Турција, Албанците и Косово не можат да заборават три работи. Прво, благодарение на вашата поддршка, Косово беше признаено како независна република неколку минути по осамостојувањето, второ, вие бевте први што комунициравте со мене кога Албанија ја погоди силен земјотрес и веднаш презедовте иницијатива за изградба на 500 станови. Трето, ние Албанците се чувствувавме како риба надвор од вода кога светот го зафати корона вирусот и да не беше Турција и вие лично, којзнае колку луѓе ќе ги загубија животите, изјавил Рама.

Во рамки на посетата се одржал и првиот состанок на високо ниво на Советот за соработка меѓу двете земји со кој претседаваа Ердоган и Рама. По средбата биле потпишани шест билатерални договори меѓу кој и Рамковен воен договор. 

Можете да прочитате

Вучиќ: Отворен и тежок разговор со Каја Калас

Вучиќ: Опозицијата во Србија го следи патот на обоената револуција во Северна Македонија

Бериша од собраниската говорница: Моето враќање е победа над оние кои сакаа да ја елиминираат опозицијата