Рускиот претседател Владимир Путин се согласи да го продолжи Црноморскиот договор за жито што истекува следната недела, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Турскиот претседател им рече на новинарите дека разговарал со Путин за клучниот договор со кој се овозможува украинскиот извоз на жито да се избегне глобална криза со храна.
Договорот, потпишан пет месеци по руската инвазија на Украина, истекува во понеделник, а Путин постојано се заканува дека нема да го обновува, поради проблемите што ги создава за рускиот извоз. Тој вчера предупреди дека не е исполнет ниту еден од руските услови за функционирање на договорот.
„Се подготвуваме да му посакаме добредојде на Путин во август и преговараме за продолжување на коридорот за жито во Црното Море“, изјави Ердоган на новинарите, а пренесува „Гардијан“. Договорот, за кој Ердоган помогна, и овозможи на Украина да испорача повеќе од 32 милиони тони жито покрај руските воени бродови во Црното Море.
Русија се уште нема објавено никакво соопштение за продолжување на договорот со Црното Море, објави денеска новинската агенција Интерфакс, цитирајќи го портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.