Утрински Весник
Свет

Ердоган: Путин е помек и поподготвен да преговара од порано

Ердоган: Путин е помек и поподготвен да преговара од порано

Турскиот претседател Таип Реџеп Ердоган постојано се обидуваше да се претстави како посредник во постигнувањето некаков мировен договор меѓу Русија и Украина.

dobivaj vesti na viber

Тој денеска разговараше со новинарите во авионот на враќање од патувањето во Азербејџан и сугерираше дека рускиот претседател неодамна бил поподготвен за мировни преговори отколку порано.

Ердоган рече дека се уште се надева дека може да се постигне мировен договор, додавајќи: „Видов дека Путин е многу помек и поподготвен да преговара на оваа тема отколку порано“, пренесе Индекс.хр.

Можете да прочитате

Францускиот претседател со децидна порака од Давос: Европа нема да дозволи да биде потчинета

На Украина ѝ се потребни од 500 до 700 милијарди долари за одржување на армијата, тврдат двајца нејзини министри во Давос

Маурициус тврди дека неговиот суверенитет над архипелагот Чагос е признат со меѓународното право