Претседателот на Турција Реџеп Тајип Ердоган преку видео-порака се обрати на Самитот Украина-Југоисточна Европа, што се одржува во Тирана, во која истакна дека „Турција ја поддржува независноста, безбедноста и територијалниот суверенитет на Украина“.
-Правиме сè што е можно, ќе учествуваме и ќе придонесеме за брза изградба на Украина. Ги вложивме сите наши напори, иако никогаш не е доволно да се воспостави мир. Продолжувам да ја одржувам мојата визија да има долг мир а решавањето на работите треба да се со дипломатија и шанса за дијалог, порача Ердоган.
Ние, продолжува „мора да ги искористиме сите дипломатски канали за да ги постигнеме нашите цели“.
-Верувам во нашите заеднички напори за воспоставување на општа рамка за мир. Во принцип, го поддржуваме мировниот план на претседателот Зеленски од 10 точки. Ние, исто така, го поддржувавме неговиот план да обезбеди безбедност на храната. За да успее мировниот план, мора да ги вклучи сите страни. На дневен ред треба да биде Црноморската иницијатива за пченица, која е формирана со наши заеднички напори. Мора да има заеднички напори за да се гарантира пловидбата во Црното Море, рече тој.
Остануваме, посочи, во контакт со страните во Црното Море и ќе работиме на воспоставување безбедност.