Утрински Весник
Свет

Ердоган: Никој не може да ги расипе односите меѓу Русија и Турција

Ердоган положи заклетва за трет претседателски мандат

Турција отсекогаш следела избалансирана политика и не им дозволувала на оние кои сакаат да ги расипат нејзините односи со Русија, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на говорот во Бајбурт.

dobivaj vesti na viber

„Од првиот ден следевме избалансирана политика. Военото лоби користејќи ја опозицијата се обиде да не фрли во оган. Не дозволивме тоа да се случи. Не дозволивме зајакнувањето на односите со Украина да ни ги расипе односите со Русија. Одржуваме близок дијалог со претседателот на Русија, Владимир Путин“, рече Ердоган, пренесува Риа Новости.

Тој повтори дека очекува рускиот претседател да ја посети Турција во август.

Можете да прочитате

Иран за првпат потврди: За време на сузбивањето на антирежимските протести апсени и деца

Протести против федералните служби во САД

Реакција на Маск по објавата на документите за Епстин во кои се споменува неговото име