Утрински Весник
Свет

Ердоган: Можевме да ја пуштиме Финска во НАТО, но не и Шведска

Ердоган: Можевме да ја пуштиме Финска во НАТО, но не и Шведска

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган навести дека би можел да го поддржи членството на Финска во НАТО, но не и на Шведска.

dobivaj vesti na viber

„Ако е потребно, можеме да испратиме поинаква порака во врска со Финска“, рече Ердоган во синоќешниот говор, пренесе турската новинска агенција Анадолија.

Турскиот претседател додаде дека „Шведска ќе биде шокирана ако испратиме поинаква изјава во врска со Финска“, истовремено предупредувајќи го Хелсинки да не ги прави истите „грешки“ како Стокхолм.

По една деценија неутралност, двете нордиски земји поднесоа барање за влез во НАТО минатата година, по почетокот на руската инвазија на Украина.

За да станат дел од Алијансата, тие мора да добијат одобрение од сите членки, а Турција во моментов го одбива тоа, повикувајќи се на безбедносни причини. Оттогаш, дипломатските преговори се во тек за решавање на стравовите на Анкара.

Ердоган минатата недела рече дека Шведска не може да смета на поддршката на Анкара откако десничарски екстремист запали Куран во близина на турската амбасада во Стокхолм.

Унгарија, членка на НАТО, исто така сè уште не го одобрила членството на Шведска и Финска.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина