Утрински Весник
Свет

Ердоган ќе се сретне со Путин

Путин му ја честита победата на Ердоган: „Драг пријателе“

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин во понеделник во Сочи ќе го прими турскиот колега Реџеп Таип Ердоган со кого се очекува да разговара за обновување на договорот за извоз на украинско жито преку Црното Море.

dobivaj vesti na viber

Преговорите ќе се одржат во понеделник во Сочи во средината на денот, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, без да навлегува во детали за темите што ќе се разговараат на состанокот. Тоа ќе биде ретка посета на Русија на лидер на Г-20 од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, по посетата на кинескиот претседател Си Џинпинг на Москва во март.

Веста дојде откако Украина објави дека дозволила два товарни брода да пловат преку Црното Море преку коридорот што го одреди и покрај ризикот од руска одмазда по истекот на договорот за извоз на жито.

 

Договорот за жито, од кој Москва се повлече во средината на јули и кој овозможи извоз на украинско жито преку Црното Море од летото 2022 година, ќе биде на дневен ред на состанокот, објави Анкара.

Турција се обидува да го обнови тој договор со надеж дека тоа ќе овозможи пошироки мировни преговори меѓу Украина и Русија.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан при вчерашната посета на Москва рече дека е клучно договорот да се обнови, а неговиот руски колега Сергеј Лавров повтори дека Русија бара гаранции од Западот.

Во меѓувреме, Украина извезува жито по копно и преку речно пристаниште, така што количината на жито што може да ја извезе е значително помала. На тоа треба да се додадат и бројните руски напади врз пристанишната инфраструктура на југот на земјата. Освен споменатите два товарни брода, два брода изминативе денови успеаја да се пробијат од украинските пристаништа до турските води, без Русија воено да реагира.

Можете да прочитате

Бела куќа: Хезболах го изврши нападот на Голанската висорамнина

Макрон: Франција е целосно посветена да се избегне нова ескалација на тензиите на Блискиот Исток

Блинкен: Ракетата што го погоди Голан била лансирана од Хезболах