Утрински Весник
Свет

Ердоган ќе продолжи со „телефонската дипломатија“ со Русија и Украина по победата на изборите

Ердоган: Борел нема овластување за односите меѓу Русија и Турција
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган ќе ја продолжи „телефонската дипломатија“ со Русија и Украина по победата на изборите и ќе повика на прекин на огнот, изјави извор од неговата администрација, јавува „Спутник“

dobivaj vesti na viber

Турскиот Врховен изборен совет вчера соопшти дека актуелниот претседател победил во вториот круг од претседателските избори со 52,14 отсто од гласовите.

„Украина, турското посредување во овој конфликт, е приоритет во нашата надворешна политика. Претседателот Ердоган е можеби единствениот светски лидер кој има однос на доверба и со лидерот на Русија и Украина. Ќе продолжат повиците и предлозите за итен прекин на огнот и продолжување на мировните преговори. Како што рече претседателот, нема да има победници во овој конфликт“, рекол изворот.

Кандидатот за претседател на опозицијата во Турција и претседател на опозициската Републиканска народна партија, Кемал Киличдароглу, ги опиша актуелните претседателски избори како еден од најнефер периодите во историјата на неговата земја.

„Овие избори беа еден од најнефер периодите во историјата“, изјави тој за новинарите во седиштето на партијата во Анкара и нагласи дека им е благодарен на сите поддржувачи за повеќе од 25 милиони од нивните гласови.

 

Можете да прочитате

Кирибати прва ја дочека 2026 година

САД ангажираат 400 адвокати за проверка на пет милиони страници од досиејата на Епстин

Иран со остра порака до САД и Израел по заканите на Трамп