Легендата на Ливерпул, Стивен Џерард ги изрази своите впечатоци по убедливиот пораз на неговиот тим во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Реал Мадрид на „Енфилд“.
„Црвените“ одлично започнаа против Реал. Водеа со 2:0 по 15 минути. Сепак, во останатиот дел од натпреварот европскиот првак постигна пет гола и му нанесе невидена катастрофа на англискиот тим на „Енфилд“.
„Ова е судир на Ливерпул со реалноста. Ливерпул започна одлично. Но, од моментот кога Реал се врати, тој доминираше. Секој тим што ќе прими пет гола мора да направи подлабока анализа. Сега е потребно тимот повторно да си ја најде душата“, изјави Џерард.
Ливерпул сега е пред елиминација од Лигата на шампионите, сериозно заостанува зад лидерите во Премиер лигата, а со оглед на тоа што испадна од двата купа, нема изгледи за трофеи оваа сезона.