Утрински Весник
Македонија

„Ер трактори“ почнаа да го гаснат големиот пожар на Огражден

20240715120159 Big 730x400 70 E1721038859468.webp.webp

Пожарот кој избувна пред шест денови на планината Огражден, над селото Бадилен, на територијата на Општина Ново Село, на границата со Бугарија, почнаа да го гаснат четири „Ер трактори“- два на Дирекцијата за заштита и спасување и два турски.

Вклучувањето на авионите во гаснењето на овој голем пожар, кој избувна на крајно непристапен терен, го најави утрово директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, кој информираше дека на двата авиони на Дирекцијата за заштита и спасување (ДСЗ) ќе им се приклучат и два турски кои пристигнаа на Скопскиот аеродром во рамки на меѓународната помош.

Според информации од членови на Ловното друштво „Елен“ од Ново Село, кои се вклучени во гаснењето на пожарот, од бугарска страна е вклучена механизација која со копање „засеци“ не дозволува пожарот да се прошири и според нив со вклучувањето на авионите во гаснењето може да се очекува пожарот да биде локализиран.

Според првичните проценки од ТППЕ Струмица пожарот зафатил над 20 хектари нискостеблеста дабова и борова шума. 

Можете да прочитате

Приведен крадец баран со потерница

ВМРО – ДПМНЕ: Во МЕПСО направена 14 милиони евра штета долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

115 санкционирани возачи во Скопје