Утрински Весник
Скопје

Ѓеорѓиевски: Мал гест, голема радост за учениците со оштетен вид

556046993 1337178938035392 1349509676037222813 n.jpg

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓеорѓиевски, денес заедно со министерката за образование и наука Весна Јаневска и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски, го посетија ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје.

Учениците со оштетен вид, нивната сила и истрајност нè учат дека вистинската храброст се наоѓа во секојдневната борба за знаење и еднакви можности. Со голема радост, Орце Ѓеорѓиевски донираше нови униформи и ранчиња со училишен прибор, а претходно и книги на Брајово писмо – дела кои се ретки и недостапни, но многу значат за нивното образование и љубовта кон знаењето.


Особено му е чест што беше покровител на „Археолошката Брајова азбука“, издание кое отвора нови хоризонти и поттикнува љубопитност кај децата, носејќи им ја археологијата поблиску на еден посебен и пристапен начин.

„Заедно, со љубов, посветеност и искрена поддршка, можеме да создадеме еднакви услови за секое дете. Секој ученик заслужува можност да учи, да сонува и да ја гради својата иднина“, изјави Ѓеорѓиевски.

Можете да прочитате

Гости му украле половина подароци на мајмунот Мики во ЗОО Скопје

Посебен сообраќаен режим во недела во Скопје

Посебен режим на сообраќај во недела во Скопје