Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Ентони Дејвис останува во ЛА Лејкерс и ќе биде најплатен кошаркар во НБА лигата

Ентони Дејвис останува во ЛА Лејкерс и ќе биде најплатен кошаркар во НБА лигата
300x250 opst2

Одличниот американски центар Ентони Дејвис го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс, пренесуваат медиумите во Соединетите Американски Држави.

dobivaj vesti na viber

Дејвис се обврза на соработка со ЛА Лејкерс до летото 2028 година и стана најплатениот играч во историјата на НБА, ако се брои годишната заработка.

Еден од најдобрите играчи во лигата го продолжи договорот за уште три сезони, претходниот беше со важност до 2025 година, а ЛА Лејкерс на 30-годишниот кошаркар ќе му плаќаат дури 186.000.000 долари или 62 милиони долари по сезона.

Дејвис ќе заработи неверојатни 270.000.000 долари вкупно во текот на пет сезони.

Претходно соработката со тимот од Лос Анџелес Лејкерс ја продолжи и Леброн Џејмс, па клубот ги заврши двете најважни работи пред почетокот на следната сезона.

Дејвис и Џејмс беа лидери на шампионската генерација на Лејкерс, која донесе шампионски прстен во Лос Анџелес во 2020 година.

Можете да прочитате

Првенствените натпревари во фудбал се одложуваат поради Локални избори 2025

Хамилтон собори рекорд на Михаел Шумахер

Миовски: Ние играме како тим и го докажавме тоа