Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез: Видеото од венчавката е украдено без наша согласност

Џенифер Лопез: Видеото од венчавката е украдено без наша согласност
Dik 300x250 mk

Џенифер Лопез тврди дека снимката на која се гледа како му пее на Бен Афлек за време на свадбената прослава била украдена без нивна согласност.

dobivaj vesti na viber

Минатиот викенд Џенифер и Бен организираа раскошна прослава на неговиот во Џорџија, а неколку дена подоцна на интернет се појави клип од прославата.

Во видеоклипот кој кружеше на интернет, Џенифер, придружувана од група танчери, пее и танцува за новиот сопруг додека тој седи пред неа на подиумот.

Џенифер сега го критикува протекувањето на клипот, особено затоа што сите нивни гости беа замолени да потпишат договори за необјавување како услов за нивно присуство.

Откако фан профилот JLoW0rld го сподели видеото на „Инстаграм“, таа прокоментира: „Ова е направено без дозвола. Точка. Кој и да го направи тоа го искористи нашиот приватен момент. Не знам од каде го добивате затоа што имавме НДА (договор за необјавување) и ги замоливме сите присутни да не споделуваат ништо од нашата свадба. Наш избор е дали ќе споделиме.“

„Сè што објавувам приватно е OnTheJLo и тука споделам за моите фанови. Всушност тоа ќе го направам кога ќе бидам подготвена. Ова беше украдено без наша согласност и продадено за пари.“

Сопственикот на профилот на фановите го избриша видеото „од почит кон Бенифер“ и наместо тоа сподели нова објава со скриншот од нејзиниот коментар, на што таа веднаш стави лајк.

 

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци