Утрински Весник
Магазин

Џенифер Лопез на проба во студио за танц

Џенифер Лопез на проба во студио за танц

Џенифер Лопез беше фотографирана во понеделникот вечерта во Лос Анџелес додека се враќа од студио за танц.

dobivaj vesti na viber

53-годишната суперѕвезда, која во неделата се појави во реклама на Dunkin’ Donuts Super Bowl заедно со Бен Афлек, на себе има бел кроп-топ со долги ракави, под кој ѕиркаат рамни стомачни мускули.

Покрај секојдневна опрема за вежбање, таблоидите ја забележаа и нејзината омилена чанта Хермес од 25.000 долари.

Pред пробата за танц, ѕвездата од Shotgun Wedding сподели неколку гламурозни селфиња на кои нејзиниот беспрекорен тен доаѓа до полн израз.

„Росна, сјајна и глазирана“, напиша Џенифер во описот на својата најнова објава.

Ова е голема недела за Џенифер и нејзиниот сопруг Бен Афлек, бидејќи парот во текот на викендот го избра местото што ќе го нарекува свој дом, по речиси две години трагање по куќа.

Џенифер и Бен, наводно, потпишале договор за куќа вредна 34.5 милиони долари, со седум спални соби и 13 бањи, во престижниот „Рустик кањон“ во Пацифик Палисадес, како што пренесе „ТМЗ“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста