Џенифер Лопез и Бен Афлек, кои се венчаа во август минатата година, го прославија својот прв Ден на вљубените како брачна двојка и одлучија симболично да го одбележат денот со ускладени тетоважи посветени еден на друг.
„Посветеност (емотикон за бесконечност), среќен Ден на вљубените, љубов моја“ напиша 53-годишната актерка на „Инстаграм“ во вторникот и сподели неколку фотографии пред да го спомне својот претстоен албум со хаштагови: ова сме ние тогаш, ова сме ние сега, ова сум јас сега.
На првата фотографија, Џеј Ло ја покажа својата нова тетоважа со знакот на бесконечност и стреличка што минува средината.
Симболот – кој се наоѓа на нејзиниот лев граден кош – има напишано Џенифер на едниот крај и Бен на другиот крај.
Сопругот Бен истетовира две стрели кои се преклопуваат точно под пазувите со „Џ“ и „Б“ испишани меѓу стрелите.