Утрински Весник
Магазин

Џенет Јанг: Одговорот на филмската академија на шлаканицата на Вил Смит беше несоодветен

Џенет Јанг: Одговорот на филмската академија на шлаканицата на Вил Смит беше несоодветен

Филмската академија не одговори адекватно на шлаканицата на Вил Смит за Крис Рок на доделувањето на „Оскарите“ минатиот март, рече претседателката на организацијата во понеделникот на собирот на овогодинешните номинирани за „Оскар“.

dobivaj vesti na viber

Академијата за филмски уметности и науки беше критикувана што му дозволи на Смит да остане на своето место и да го прифати трофејот за најдобар актер, откако тој го нападна Рок на сцената.

„Она што се случи на сцената беше целосно неприфатливо“, рече претседателката на академијата Џенет Јанг на годишниот ручек на номинираните за „Оскар“ во Беверли Хилс. „И одговорот од организацијата беше несоодветен.

„Од ова научивме дека академијата мора да биде целосно транспарентна и одговорна во нашите постапки, а особено во време на криза“, додаде таа.

Смит поднесе оставка од академијата по инцидентот, а академијата му забрани да присуствува на доделување „Оскари“ следните 10 години. Тој и понатаму ги исполнува условите да биде номиниран и да ја освои златната статуетка.

На ручекот во понеделникот, номинираните меѓу кои Том Круз, Стивен Спилберг, Мишел Јео и Анџела Басет се забавуваа и позираа за групна фотографија.

Победниците ќе бидат објавени на церемонија која ќе се емитува во живо на Еј-би-си на 12 март.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста