Утрински Весник
Економија

Енергетската криза ги затвора пекарниците во Белгија

Енергетската криза ги затвора пекарниците во Белгија
Dik 300x250 mk

Растечките цени на струјата и природниот гас во Белгија ги доведоа во тешка ситуација пекарниците, поради што некои беа принудени да ги затворат вратите, бидејќи повеќе не можат да ги плаќаат сметките.

dobivaj vesti na viber

Како енергетски интензивен сектор, пекарите ги одржуваат рерните вклучени многу часови без застанување, што значи голема потрошувачка на гас и електрична енергија.

Цените на природниот гас во Белгија неодамна се зголемија за осум пати, заедно со цените на брашното кои се удвоија, додека цените на маслото за јадење се зголемија за четири пати, пренесува Танјуг.

Пекара по речиси 20 години работа, реши да стави катанец на вратата откако објави дека сметката за енергија пораснала од 1.342 евра, колку што беше на почетокот на 2021 година, на 1.860 евра на почетокот на 2022 година за да во септември достигне до неверојатни 11.836 евра.

Адам Езел, пекар со 30-годишно искуство, вели дека најголем проблем во овој сектор е скокот на цената на струјата и природниот гас.

„Сметката за гас скокна од 1.400 евра на 10.800 евра, а со сметката за струја од околу 2.800 евра и други давачки, сето тоа изнесува вкупно 15.000 евра, што е многу голема сума“, раскажува тој.

Додава дека цената на тон брашно се зголемила од 450 на 850 евра, а маслото за јадење од 0,9 на 4,0 евра.

Според него, многу пекари не можат да ги платат долговите кон големите трговци па сопствениците решиле да ги затворат, бидејќи под овие услови нема да можат да останат отворени повеќе од две-три години.

Многу белгиски пекари кои се уште работат отпуштаат работници, го намалуваат производството и ја зголемуваат цената на производите, е наведено во написот.

Можете да прочитате

Угостителските услуги во октомври поскапи од лани за 3,9 отсто

Над шеесет компании од Северна Македонија и Грција учествуваа на бизнис-форумот во Стопанската комора

МИЛО ЃУКАНОВИЌ ВО „БИЗНИС-КЛУБ ПЛУС”: „МАКЕДОНСКИОТ БИЗНИС ИМАШЕ СОЛИДНА ОСНОВА И ТРЕБА ДА ГО ПРОДОЛЖИ СВОЈОТ РАЗВОЈ”