Утрински Весник
Спорт

Енцо Фернандез даде гол за Бенфика и ја најави својата иднина

Енцо Фернандез даде гол за Бенфика и ја најави својата иднина

Најдобриот млад играч на Мундијалот, Аргентинецот Енцо Фернандез (21), славејќи го голот во победата на Бенфика во куп натпреварот против Варзим, навести дека нема да направи трансфер во овој преоден рок. Иако долго време беше најавуван како нов играч на Челси и иако тој наводно инсистирал самиот да замине во Лондон, тој направи гест со кој им порача на навивачите на Бенфика дека ќе остане во клубот.

dobivaj vesti na viber

Фернандез до неодамна правеше сѐ за да ги натера челниците на клубот да го пуштат во Челси, па по натпреварот против Брага ненајавено замина во Аргентина да ја дочека Новата година.

Се пишуваше и дека го молел директорот Руи Коста да го продаде на Челси и да не биде дел од тимот што ќе игра против Портимоненсе. Тој натпревар го следеше од трибините, а клубот зборуваше за неговите погрешни потези.

Сагата за неговото заминување сега треба да заврши. Голот што го постигна во 78. минута од натпреварот против Варзим и со тоа ги постави конечните 2:0, јасно става до знаење дека е одлучен да остане во Бенфика.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина