Утрински Весник
Македонија

Емотивно обраќање на Газда Деко: Сочувство до сите родители, и ние ја носиме истата болка

Whatsapp image 2025 12 02 at 13.06.28.jpeg

До ден денес се чудам и не можам да поверувам што се случи таа ноќ. Девет месеци сум во четири ѕида и секоја вечер ја преживувам таа трагична ноќ, рече во своето обраќање пред судот првообвинетиот Дејан Јованов, сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

„Водев клуб каде се сибираа сите млади и моите деца зарем сериозно мислите дека доколку би знаел дека фали нешто не би презел се за да се отстрани навреме. Во тој клуб имам пораснато десетици генерации, сите што ме познааат знаат колку се грижев за безбедноста на сите гости во клубот“ рече тој со сериозна вознемиреност во гласот.

Јованов упати сочувство до родителите и семејствата на починатите и повредените додавајќи дека и во нивното семејство имало жртви.

„Од срце и душа сакам да им изразам сочувство до сите родители кои имаат починати деца, затоа што ја знам нивна болка и тага, затоа што и во нашата фамилија имаме починато и повреден член и ја носиме истата болка што и вие ја носите“ рече Јованов пред судот.

Можете да прочитате

Целосно реконструирани сместувачките капацитети на Клиниката за пластична хирургија

СДСМ поднесе пријава до ДКСК за тендерите од 9 милиони евра, заедно со сите докази

Четири лица во скопско натепале дедо и негов малолетен внук