Утрински Весник
Магазин

Емили Ратајковски по шпекулациите за романса со Пит: Првпат во животот сум сингл

Емили Ратајковски по шпекулациите за романса со Пит: Првпат во животот сум сингл

Британската манекенка и актерка Емили Ратајковски поднесе барање за развод од сопругот Себастијан Бер-Меклард во септември, а потоа беше видена како се дружи со Бред Пит.

dobivaj vesti na viber

Неодамна сугерираше дека е бисексуалка, а сега се отвори за својот статус. Во едно најновото интервју за холивудскиот портал „Вараети“ таа избегна прашање за нејзината врска со Пит, но рече дека е сингл.

„Некои од работите за кои пишувам во последниот есеј од мојата книга се контролата и разбирањето. Еден од најдобрите начини да бидете среќни и да имате контрола е да се ослободите. Јас сум тазе слободна, всушност за првпат во мојот живот и едноставно се чувствувам како да уживам на некој начин во слободата бидејќи не сум премногу загрижена за тоа како ме доживуваат“, изјави манекенката.

Таблоидите потсетуваат дека Емили (31) има 18-месечен син со Себастијан. По пропаѓањето на бракот се појавија шпекулации дека е во врска со Пит откако заедно се видени во барот Pearl Oyster во Њујорк.

„Емили се врати во игра и ужива во дружење. Се обидува да биде преокупирана со работа и не сака да се фокусира на разводот. Таа го запозна Бред преку заеднички пријатели. Беше многу пријателски”, извор близок со Емили откри за „Е-њуз“.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста