Утрински Весник
Магазин
300x250 opst2

Емилија Кларк за снимањето интимни сцени со Џејсон Момоа: Плачеше повеќе од мене

Емилија Кларк за снимањето интимни сцени со Џејсон Момоа: Плачеше повеќе од мене
300x250 opst2

Ѕвездата од „Игра на троновите“ Емилија Кларк се отвори за снимањето интимни сцени на сетот на серијата.

dobivaj vesti na viber

Кларк во 62 епизоди од серијата ја глумеше Дејнерис Таргариен, а улогата освен слава и донесе и неколку предизвици. Актерката влезе во серијата на 23-годишна возраст, по актерското училиште, а на толку млада возраст ѝ беше поставен големиот предизвик да глуми еден од најпознатите ликови во целата серија.

Признала дека била преплашена од секс сцените бидејќи не знаела што да прави. Никогаш досега не била на голем филмски сет, а особено тешко и паднало барањето да се соблече гола пред сите членови на екипажот, но и пред публиката.

„Никогаш не сум била на ваков филмски сет, а потоа се најдов на филмски сет целосно гола, опкружена со сите овие луѓе и не знаев што треба да правам, што се очекува од мене. Не знаев што сакаат тие, ниту што сакам јас“, рекла Кларк, признавајќи дека не знаела дека ќе има голотија пред да ја прифати улогата.

Таа го спомнува и актерот Џејсон Момоа, со кој беше во експлицитна сцена. Таа нагласи колку актерот бил нежен и професионален кон неа како млада, неподготвена актерка и дека неговата заштита многу и помогнала за време на снимањето.

„Тој плачеше повеќе од мене. Дури сега сфатив колку имав среќа со тоа, бидејќи можеше да помине на различни начини“, рече таа, откривајќи дека Џејсон Момоа бил многу љубезен и внимателен и ја презел грижата за неа како човечко суштество.

Можете да прочитате

ПВЦ прозорите имаат зимски и летен режим, еве како да го подесите

ЉУБОВЕН ХОРОСКОП ЗА ОКТОМВРИ 2025 ГОДИНА: Кој донесува важни одлуки, а кого го чека љубов како од бајка?

Рецептот за лажниот ајвар кој го освои интернетот – Потребно е само половина час за да се направи