Утрински Весник
Македонија

Ем шеф на партија, ем шеф на Изборен штаб, дали Мицкоски има недоверба во најблиските соработници во ВМРО-ДПМНЕ?

Vmro.jpg

Политичките партии се во полн ек на подготовка на програмската и кадровска понуда за парламентарните и претседателски избори. 

Во најголем дел од партиите веќе се формирани и функционираат изборните штабови, партиски тела кои ќе го имаат главниот збор за целокупната организација на кампањата и изборниот ден. 

Изборните штабови што во пракса имаат неколку сектори, имаат и свој прв човек, како шеф на изборниот штаб. 

Тоа најчесто, особено во поголемите, парламентарни партии е генералниот секретар или некои од потпретседателите на партијата. 

Но она што изненадува е тоа што шеф на централниот или републичкиот изборен штаб во ВМРО-ДПМНЕ, не е никој друг, туку лично претседателот на партијата, Христијан Мицкоски, нешто што ретко се случува.

Тоа значи дека Мицкоски освен што ќе се занимава со „висока“ партиска политика, преговори со коалиции, составување пратенички листи, избор на претседателски кандидат, ќе се занимава и со технички прашања како распоред на агенди, изработка на промотивен материјал, медиски закуп и слично. 

Ваквиот однос на Мицкоски може да укажува дека тој можеби воопшто нема доверба ниту во најблиските соработници внатре во партијата, штом самиот тој покрај тоа што ја води партијата мора да го води и изборниот штаб. 

За потсетување, на локалните избори во 2021 година кога ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи, шеф на главниот изборен штаб беше генералниот секретарЃорѓија Сајкоски.

Од друга страна, таквиот потег може да значи и засилување или потврдување на неговиот авторитарен однос кон партијата, односно дека тој и единствено тој „пали и гаси“ во партијата без разлика што и да треба да се решава.

Последно, но и не и најмалку важно, тоа може да значи и страв од надворешни мешања во подготовката на изборите, односно конкретно влијание од страна на Никола Груевски и неговите соработници. 

24инфо.мк веќе пишуваше дека од увидот на една анкета што најверојатно ќе излезе во јавност деновиве пред нас, една четвртина од испитаниците кои кажале дека се гласачи на ВМРО-ДПМНЕ, би гласале за Груевски ако тој излезе со своја понуда и своја пратеничка листа.

Гледано генерално, причините што го натерале Мицкоски самиот тој да биде и шеф на партијата и шеф на изборниот штаб, веројатно се повеќеслојни но останува фактот дека ваквата пракса е ретка и изненадувачка во македонските партии, особено во оние со развиена партиска инфраструктура, со голем број на партиски тела и органи, општински ограноци  слично, каква што впрочем и е ВМРО-ДПМНЕ.

Можете да прочитате

Попов: Фијаско на Филипче пред МОН

Сообраќајка во Охрид: Двајца тешко повредени

Филипче: Има пари во Буџетот за поголеми плати, поддршка за наставниците