Лидерот Наполи успеа да го победи Јувентус во Торино со 0:1 и направи уште еден чекор кон побрзо оссвојување на шампионската титула во Серија А. Во главна улога во финишот беа Елиф Елмас и Џакомо Распадори.
Во судиското продолжение, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас испрати одличен центаршут и асистираше за победичкиот погодок што беше дело на Распадори.
Претходно, Анхел Ди Марија постигна гол за Јувентус во 83.минута, но по прегледување на ВАР – снимката не беше признат поради фаул над Лоботка во зачетокот на акцијата на „старата дама“ во своето поле.
Наполи сега има 78 бода на врвот на табелата во Серија А.