Утрински Весник
Македонија

Елизабета Пендаровска се обрати на конференцијата „Успешни жени за успешен регион”

Foto 1 4.jpeg

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион”  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria – WOBA (Жени во органи на управување Јадран).

Во своето поздравно обраќање, сопругата на претседателот истакна дека рушењето на невидливите бариери што ги спречува жените да стигнат до највисоките нивоа во светот на бизнисот треба да биде наша мисија и дека покрај заложбите да го рушиме „стаклениот покрив” треба да работиме и на поттик на жените, да имаат еднакви стартни позиции со мажите како и развој на кариера.

„Но, женското лидерство не значи само поголема застапеност на жените во бројки. Женското лидерство значи и реформа на начинот на којшто се менаџираат и управуваат процесите. Со внесување на поголем број жени во управувачките одбори, се внесуваат нови димензии во лидерството, креативност, динамичност, подобра комуникација, емпатија, побрзо решавање на сложените проблеми”, истакна г-а Ѓоргиевска.

Women on Boards Adria – WOBA ( Жени во органи на управување Јадран) е регионална непрофитна иницијатива чијашто цел е зголемување на родовата разновидност во извршните и неизвршните органи на управување, а во насока на остварување на оваа цел соработува со  компании од бизнис секторите, со влади и меѓународни институции за да промовира поголема родова разновидност на ниво на органи на управување и највисоки раководства на компаниите од јавен интерес во Јадранскиот регион.

Како прв настан од ваков вид во земјава, оваа конференција преку учеството на лидери од бизнис секторот и од владата е насочена кон иницирање на дискусија во однос на поголема поддршка за зајакнување на женската застапеност во органите на управување на компаниите во регионот. Учесниците имаа можност преку презентација да се запознаат со визијата и мисијата на оваа регионална иницијатива и да дискутираат во рамки на двата панела: „Женско лидерство: Клуч за деловниот успех и лидерки во време на предизвици” и „Жени во органи на управување – зајакнати органи на управување, зајакнат деловен сектор, зајакнато општество”.

Можете да прочитате

Во аптека ќе се оди само со електронски рецепт, хартиените рецепти ќе бидат целосно исфрлени од употреба во јуни следната година

Владата повторно ќе му помогне на ЈСП ако не успее тендерот за нафта

Засилени контроли на патарините, казни од по 200 евра за неплаќачите