Утрински Весник
Македонија

Елфет Исмаили нова заменик-министерка за одбрана

Ryom0xiabj Elfet Ismaili Nova Zamenik Ministerka Za Odbrana.jpeg

Денеска во Министерството, новата заменик министерка за одбрана Елфет Исмаили ја презема функцијата од досегашниот заменик министер, Тирон Јајага.

Нејзиниот претходник Јајага на денешното примопредавање на новопоставената заменик-министерка Исмаили и посака успех во работата.

На денешното стапување на функција, заменик-министерката Исмаили се сретна и со министерот Владо Мисајловски. Министерот Мисајловски и честита за изборот и посака да имаат успешна и плодна заедничка соработка.

Заменик министерката Исмаили се заблагодари за честитките и потенцира дека сето свое знаење и искуство ќе ги вложи во насока на унапредување и развој на одбранбените капацитети.

Можете да прочитате

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола се гради со силна динамика

Муцунски утре на отворање на Економскиот бизнис форум меѓу Македонија и Словачка

Костадиновска-Стојчевска до Алиу: Зошто се кратат пари за пациентите со ретки болести