Утрински Весник
Македонија

Електронските документи издадени од јавни органи печатени на хартија ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат

Dokumenti.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски информира дека од денес секој електронски документ од Националниот Портал и другите државни институции можете да го употребувате и испечатен.


„Со измените на Законот за електронски документи се предвидува дека електронските документи издадени од јавни органи, печатени на хартија нема да подлежат на процесот на верификација, туку ќе имаат иста правна и доказна сила како и оригиналниот документ со традиционален печат. Нивната валидност ќе може да се потврди со скенирање на QR-кодот на документот, кој води до оригиналот на документот.

Вака се олеснува употребата на електронските документи во административните процедури и се стимулира поголема искористеност на Националниот портал за електронски услуги.

Намален товар врз администрацијата и полесна достапност и ефикасност во обезбедување на административните услуги.

За сите неправилности се предвидува воведување на инспекцискиот надзор (ИКТ инспекција) над примената на законот. Со тоа се обезбедува јасни правила за контролирање на исполнувањето на стандардите и барањата од Законот“, соопшти министерот Андоновски.

Можете да прочитате

Постуден јануари со можни снежни бранови низ регионот

Пијан таксист вечерва прегазил млада девојка во Кисела Вода

Експлозија на електричен бојлер повреди маж во Свети Николе