Утрински Весник
Македонија

Екстремно топло до недела (27 јули), температури до околу 45 степени, а потоа значително освежување!

Meteoalarm.mk 56 1.png

Метео анализа на Славчо Попоски:

Под влијание на екстремно топол бран од југ, односно од Африка, до недела (27 јули) во нашата Република Македонија продолжува екстремно топлото време со екстремно високи температури на воздухот кои ќе се искачуваат во интервалот од 37 до 44/45 степени во Повардарието и во Скопскиот регион. Повремено ќе засилува фенски ветет претежно од северен, а во западните предели од западен правец.


Во недела (27 јули) на повеќе места ќе дува повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.

Времето ќе биде сончево со појава на мала локална облачност. Малку повеќе облаци ќе имаме во сабота навечер и ноќта кон недела кога е можна изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Ув индексот и понатаму ќе има многу висока до екстремно висока вредност  и ќе изнесува 9. Токму поради ова, но и поради екстремно топлиот бран, апелирам без потреба граѓаните да не излегуваат во најтоплиот дел од денот (од 10 до 17 часот), но и да пијат повеќе течности.

Освежување на времето и значителен пад на температурите ќе имаме во недела навечер и во текот на ноќта кон понеделник (27 према 28 јули). Детална анализа токму околу ова поголемо освежување на времето очекувајте од моја страна во следните мои метео објави.

Можете да прочитате

Беровскиот кризен штаб го повика населението доброволно да се вклучи во гаснење на пожарот на планината Готен

ЦУК: Во Македонија денеска активни се 29 пожари

Муцунски во Истанбул ќе учествува на првиот состанок на Балканската платформа за мир